The Times: Русија ја користи годишнината од победата во Втората светска војна за склучување нови сојузи

Поради критиката околу приклучувањето на Крим кон Русија, како и поради украинската криза, Москва активно бара нови сојузници, пишува The Times.

Претседателот на Русија Владимир Путин користи годишнината од победата во Втората светска војна за да формира нови сојузи, пишува весникот The Times, а пренесува „Газета.ру“. Весникот истакнува дека лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун се согласил да ја посети Русија на 9 мај за време на Денот на Победата. Новинарот смета дека посетата на севернокорејскиот лидер нема врска со историските случувања, туку дека тоа е дел од загрижувачкиот тренд случувањата од минатото да се користат за постигнување политички цели.

„Оваа годишнина треба да биде празник на светот, а наместо тоа се претвори во уште една причина за судири меѓу Русија и Западот“, пишува британскиот весник. Новинарот исто така пишува за тоа дека Путин на церемонијата во Москва ги повикал претставниците на земјите кои учествувале во антинацистичката коалиција, додека Кореја за време на Втората светска војна беше под власт на Јапонија, против која СССР објави војна во август 1945. Со тоа што Москва го повика лидерот на Северна Кореја, Кремљ „си обезбеди“ недоаѓање на други земји на церемонијата, смета британскиот новинар.

Поради критиката околу приклучувањето на Крим кон Русија, како и поради украинската криза, Москва активно бара нови сојузници, пишува The Times. Ако Ким Јон Ун дојде во мај во Москва, а западните лидери не дојдат, тоа ќе биде јасен сигнал дека Кремљ се врти кон Исток, а дека Западот продолжува „да врти грб“ на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.