Роси: Аргентина е заинтересирана за купување хеликоптери од Русија

Министерот за одбрана на Аргентина Агустин Роси изјави дека Аргентина ја разгледува можноста за купување хеликоптери од Русија.

Аргентина ја разгледува можноста за купување хеликоптери од Русија, изјави министерот за одбрана на Аргентина Агустин Роси.

Графикон: Ми-8

„Соработуваме со Руската Федерација интензивно. Претходно купивме Ми-17 хеликоптери, а сега ја разгледуваме можноста за проширување на зделката“, изјави тој за време на средбата со екипажот на рускиот брод „Василиј Головнин“, кој заминува на Антарктикот за да ги снабди аргентинските научни станици.

Притоа, според зборовите на министерот, бројот на хеликоптери кои се планира да се купат зависи од финансирањето. Аргентина купи два хеликоптера Ми-17 за спасување и снабдување на базите на Антарктикот во 2011 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.