Вистинското влијание на западните санкции врз руското општество е околу 2% од буџетот, што е прилично несуштествено за Русија, а ниските цени на нафтата можат да одземат од буџетот уште околу 6%, но и тоа може да се компензира со веќе постојните резерви, смета поранешниот шеф на ЈУКОС Михаил Ходорковски.
![]() |
Ниски показатели на БДП на Русија и во следните 4 години |
„Ако се зборува за вистинското влијание на санкциите врз руското општество, тоа е фактички незначително. Т.е. влијанието на санкциите, најверојатно, можеме да го процениме некаде на околу 2% од буџетот, што за Русија е несуштествено“, изјави Ходорковски на форумот за интелектуалци во Вилнус.
„Дури и влијанието на цените на нафтата - ако се задржат на сегашното ниво до крајот на годината, можеби ќе влијаат на 6% од буџетот на државата“, додаде Ходорковски.
Според него, властите на Русија овие губитоци можат да ги компензираат за сметка на веќе постојните резерви, „доколку треба, и во следните три години“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче