Тоа што САД со Русија потпишаа договор вреден милијарда долари за испорака на ракетни мотори РД-181, покажува дека Америка е сигурна во РФ како партнер и дека има доверба во руската технологија. Оваа соработка може да трае уште десетина години, иако Соединетите Држави во сегашната геополитичка ситуација поради тоа се наоѓаат во незгодна состојба. Овој став за РИА Новости го изнесе Игор Афанасјев, експерт во областа на космонаутиката, уредник на руското списание „Вести од космонаутиката“.
Руската Ракетно-космичка корпорација „Енергија“ и американската корпорација "Orbital Sciences" склучија договор за испорака на 60 мотори РД-181 со вредност од околу милијарда долари. Првите два ракетни мотора треба да бидат испорачани во јуни 2015.
Моторот РД-181 е проектиран специјално за ракетите-носачи „Антарес“, а неговото користење овозможува на Меѓународната вселенска станица да се превезуваат потешки товари.
Иако имаат можност на својата територија да произведуваат мотори, Американците за тоа не се одлучија, бидејќи тоа би било неисплатливо, додаде Афанасјев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче