Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) нема да се меша во “кримското прашање“, тоа е исклучително прерогатива на УЕФА, ФФУ и РФС, изјави претседателот на ФИФА Јозеф Блатер.
Трите клуба од Крим - СКЧФ, ТСК и „Жемчужина“ - од почетокот на сезоната настапуваат во зоната „Југ“ на втората дивизија на рускиот шампионат. УЕФА на 4 декември донесе одлука да им забрани на екипите од Крим да настапуваат на шампионатот на Русија од 1 јануари 2015 година. Притоа, УЕФА обрати внимание на тоа дека фудбалот во регионот треба да се поддржи.
„Тоа е прашање со кое се занимава УЕФА. Тоа е работа на двете асоцијации (Фудбалската федерација на Украина и Рускиот фудбалски сојуз) и кримските клубови. Тоа не е во ингеренција на ФИФА“, изјави Блатер пред новинарите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче