![]() |
Графикон: Искандер-М |
Две дивизии од ракетните единици на Централниот воен округ пристигнаа на полигонот „Капустин Јар“ во Астрахањската областа за да продолжат со подготовката и вежбите за усвојување на вештините за управување со комплексите „Искандер-М“, а во март таму ќе се одржат вежби со ракетни стрелби, изјави за новинарите официјалниот претставник на Централниот воен округ Јарослав Рошчупкин.
„На почетокот на март, по завршувањето на курсот за подготовка, дивизиите во целосен состав ќе земат учество во тактичката вежба со лансирање на ракетите од комплексот „Искандер-М“ на полигонот „Капустин Јар“, изјави Рошчупкин.
„Искандер-М“ е борбен ракетен комплекс кој според своите карактеристики нема аналог во светот. Тој има голема огнена моќ, мобилност и маневрибилност. Комплексот е способен со голема точност да ги погодува целите. „Искандер-М“ може да биде опремен со различни ракети – од крилести од балистички. Борбената способност комплексот ја има во температурен дијапазон од -50 до +50 степени Целзиусови.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче