Директорот на Одделот за даночна политика во Министерството за финансии Илја Трунин смета дека е неопходно да се зголеми нивото на конкуренција во нафтената сфера, а не да се носат решенија за нови даночни олеснувања.
„Во моментов основниот напор и работа треба да бидат насочени кон ефективноста на производството и создавањето на нови производни капацитети и наоѓалишта, како и зголемување на нивото на конкуренција во секторот“, забележа Трунин.
„Сѐ додека кај нас постои зголемен степен на монополизација, сѐ одека отсуствува конкуренција, овој сектор ќе биде сѐ помалку ефективен“, изјави чиновникот.
„Секогаш големите компании сакаат и е полесно за нив да побараа од владата нови даночни олеснувања, да побараат трилион рубљи од Фондот за национална благосостојба, отколку да ја зголемат својата ефикасност“, смета чиновникот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче