Руските студенти ќе работат на изградба на космодромот „Восточни“

Космодромот се гради недалеку од населбата Углегорск; првото лансирање на ракета од овој космодром е планирано во 2015 година. Градежните работи треба да бидат завршени до 30 ноември 2015 година.

Студентите од Томскиот и Казањскиот државен универзитет во февруари годинава ќе земат учество во зимската студентска градежна акција „Космодромот Восточни - 2015“, се пренесува на интернет-страницата на Спецстрој.

„Момчињата и девојките ќе работат како молери. Сите тие имаат работно искуство и имаат поминато низ обука“, се пренесува на интернет-страницата.

Се забележува дека за студентите е создаде распоред на работа, а ќе им бидат компензирани трошоците за пат. На космодромот е организиран систем за прехрана три пати на ден во мензи, а веќе е обезбедена облека за сите учесници.

На космодромот „Восточни“ се планира да дојдат околу 1.200 студенти.

Минатото лето на космодромот работеле 500 студенти од Москва, Санкт Петербург, Калининград, Самара, Омск, Екатеринбург, Краснодар, Краснојарск, Новисибирск, Хабаровск, Владивосток и Амруската област.

Космодромот се гради недалеку од населбата Углегорск во Амурската област; првото лансирање на ракета од овој космодром е планирано во 2015 година. Градежните работи треба да бидат завршени до 30 ноември 2015 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.