Пушков: Опасни се повиците во ЕУ да се засилат санкциите против Русија

Шефот на комитетот во Државната дума за меѓународни прашања Алексеј Пушков ги коментираше изјавите на пратениците од Европскиот парламент за задржување на санкциите против Русија.

Шефот на комитетот во Државната дума за меѓународни прашања Алексеј Пушков ги коментираше изјавите на пратениците од Европскиот парламент за задржување на санкциите против Русија.

„Повиците да се задржат санкциите, па дури и да бидат засилени, покажува дека Европскиот парламент само го поддржува понатамошното влошување на односите и зголемување на притисокот. Тоа е банално и опасно“, напиша политичарот на својот профил во Твитер.

На 15 јануари Европскиот парламент објави резолуција за ситуацијата во Украина, во која се соопштува дека Европскиот парламент ја повикува Европската унија во март да ги задржи санкциите против Русија. Европскиот парламент повика да се воведат критериуми, според кои санкциите би можеле да бидат укинати. Сепак, официјалниот претставник на МНР на Русија Александар Лукашевич изјави дека Русија не планира да разговара за никакви критериуми за укинување на санкциите. Освен тоа, рускиот дипломат потсетува дека „Русија нема да се откаже од соработката со ЕУ во различни области“: 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња