Директорот на руското претставништво на Меѓународниот монетарен фонд Бикас Џоши изјави дека владините мерки за поддршка на рубљата веќе почнуваат да дејствуваат, пренесува агенцијата ТАСС. Според неговите зборови, периодот на драстични колебања на курсот е минато.
„Изгледа дека периодот на драстични промени на курсот на рубљата завршува. Преземени се мерки кои започнуваат да дејствуваат - зголемување на основната каматна стапка, поддршка на банкарскиот систем, обезбедување на солвентноста на учесниците на пазарот. Сето тоа ја поддржува рубљата и веројатно во иднина ќе продолжи да ја поддржува“, изјави Џоши.
Цената на нафтата, според прогнозата на ММС, ќе започне постепено да расте, иако нема да ја достигне претходната висока вредност.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче