Германската канцеларка Ангела Меркел смета дека не постојат шанси претседателот на Русија Владимир Путин да биде поканет на следната средба на Г-7 државите, која треба да се одржи во Германија.
„Групата Г-7 и поранешната група Г-8 секогаш се сметала за заедница на (заеднички) вредности. Приклучувањето на Крим, кое е нарушување на принципите на меѓународното право, како и случувањата на истокот на Украина - се сериозни нарушувања на тие вредности“, изјави Меркел во интервју за весникот Frankfurter Allgemeine Zeitung. Затоа, според нејзините зборови, „во моментов“ нема шанси Путин да биде поканет на самитот на Г-7, кој треба да се одржи во Баварија во јуни годинава.
Таа исто така го повтори мислењето дека ЕУ нема да го разгледува укинувањето на санкциите против Русија сѐ додека остануваат на сила причините поради кои истите се воведени, пренесува агенцијата Ројтерс.
Официјалниот претставник на владата на Германија Штефан Зајберт изјави дека самитот на Г-7 ќе се одржи во Германија на 7 и 8 јуни 2015 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче