Financial Times: Русија се обидува да го дестабилизира Балканот

Статијата е објавена во моментот кога во Бугарија дојде во посета американскиот државен секретар Џон Кери, кој Русија ја обвинува дека се меша во внатрешните работи на Бугарија.

Претседателот на бугарскиот „Центар за либерална стратегија“ Иван Крастев во влијателниот меѓународен весник Financial Times објави статија во која го предупредува западниот свет за можната дестабилизација на ситуацијата на Балканот. Според мислењето на Крастев, Балканот би можел да стане „простор за игрите“ на Москва, бидејќи нејзиниот маневарски простор во Заедницата на независни држави е намален, а потребно е да се изврши притисок врз Европа, пренесува весникот „Взглјад“.

„Контролирана криза на Балканот би ѝ дала на Русија адути во преговорите, додека своето учество во сето тоа Русија би можело да го порекне“, смета Крастев. Тој ги наведува можните сценарија. Прво - руските компании можат да повлекуваат средства од локалните банки, што би довело до „масовно банкротство и народни немири, а тоа би довело и до нестабилност кај прозападните власти“ во регионот. Второ можно сценарио е давање поддршка на Република Српски во нејзините намери да се одвои од Босна, при што ќе дојде до опасност од распаѓање на државата и војна.

Бугарскиот експерт смета дека балканските тајкуни се поврзани со Русија и дека економијата на регионот е голем зависник од рускиот гас и нафта.

Статијата е објавена во моментот кога во Бугарија дојде во посета американскиот државен секретар Џон Кери, кој Русија ја обвинува дека се меша во внатрешните работи на Бугарија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња