Еврокомесар: ЕУ е заинтересирана за укинување на санкциите против Русија

Од септември во Минск се одржаа неколку рунди преговори меѓу претставниците на Украина и самопрогласените народни републики во Донбас со посредништво на ОБСЕ и Русија. За време на преговорите сите страни разговараат за прекин на огнот и мониторинг од страна на ОБСЕ.

Европската унија е заинтересирана за укинување на санкциите против Русија, н о тоа може да го направи само доколку се исполнат минските протоколи, изјави еврокомесарот за европска политика, добрососедство и проширување Јоханес Хан на конференцијата за печатот.

„Постои Минскиот договор, и тој треба да биде исполнет. Вратите секогаш се отворени. Ние не поддржуваме било какви санкции, бидејќи од санкциите страдаат луѓето, Русите, Украинците, како и граѓаните на Европската унија. Во наш интерес е да се укинат санкциите, но само ако се постигне прогрес, доколку сите партнери ги исполнат минските протоколи“, изјави тој.

Од септември во Минск се одржаа неколку рунди преговори меѓу претставниците на Украина и самопрогласените народни републики во Донбас со посредништво на ОБСЕ и Русија. За време на преговорите сите страни разговараат за прекин на огнот и мониторинг од страна на ОБСЕ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.