Русија планира годинава да произведе 525-526 милиони тони нафта

Министерството за енергетика повторно очекува производството на нафта во 2015 година да се задржи на нивото од 525-526 милиони тони, изјави Александар Гладков.

Министерството за енергетика повторно очекува производството на нафта во 2015 година да се задржи на нивото од 525-526 милиони тони, изјави Александар Гладков.

„Не очекуваме од големите нафтени компании дополнителни количини произведена нафта“, забележа заменикот на директорот на одделот за производство и транспортирање нафта и гас при Министерството за енергетика Александар Гладков.

Во 2014 година Русија произведе 526,6 милиони тони нафта.

Од почетокот на летото минатата година цената на нафтата се намали за 50%. Во почетокот на оваа година таа поевтини до 45 долари за барел. Притоа, министерот за енергетика на Русија Александар Новак изјави дека падот на светските цени на нафтата под 50 долари за барел може да има негативно влијание врз руската нафтена сфера.

Аналитичарите го поврзуваат намалувањето на цената на „црното злато“ со вишокот понуда на пазарот. Решението на државите на ОПЕК на 27 ноември да ги задржат квотите за производство на нафта од 30 милиони барели на ден дополнително го засили падот на цената на нафтата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.