Првиот авион МС-21 ќе биде произведен во декември

Крилјата на МС-21 ќе бидат изготвени од лесни и композитни материјали, а удобноста на патниците ќе ја обезбедат широките коридори во салонот на авионот.

Првиот авион МС-21 подготвен за лет ќе биде изграден кон крајот на 2015 година а првиот лет ќе биде изведен во 2016 година, соопшти за „Росијска газета“ заменикот министер за индустрија и трговија на Русија Јуриј Слусар.

„Со нетрпение ја очекуваме изградбата на првиот примерок на новиот руски авион МС-21. Тоа треба да се случи во декември“, забележа Слусар во интервју за весникот. Според неговите зборови, сертификатот за овој авион треба да биде добиен кон крајот на 2017 година, додека првите превози на патници треба да започнат во 2018 година.

 „МС-21 е приоритетен проект во цивилната авијација, и него го разгледуваме како проект кој ќе ги содржи најнапредните технологии во аеродинамиката, создавањето мотори и системите за управување. Според своите технички карактеристики, комфор и економски показатели авионот ги надминува сите свои конкуренти“, забележа Слусар.

Според неговите зборови, авионите од семејството МС-21 можат да соберат од 130 до 211 патници. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња