Европската унија треба да го продолжи дипломатскиот дијалог со Русија, изјави премиерот на Латвија Лајмдота Страујума во Европскиот парламент.
Премиерот зборуваше во Европскиот парламент, претставувајќи ја програмата за претседателството на Латвија во Европската унија.
„Најдобар пат за разрешување на оваа криза е да се поддржи единството на Европската унија... Ние треба да дадеме практична и политичка поддршка на Украина и другите држави и програмата ’Источно партнерство’. Секако, ние ќе очекуваме и реформи во тие држави. Треба да работиме со Русија, треба да го продолжиме дипломатскиот дијалог“, изјави таа, забележувајќи ја неопходноста од вршење притисок за да се спроведе Минскиот договор.
„За време на нашето претседателствување ќе бараме начини за разрешување на конфликтот во Украина, почитување на нејзиниот територијален интегритет и независност“, изјави Страујума.
„За нас и за Русија е важно Украина да биде силна и стабилна. Треба да дадеме поддршка и на украинската економија“, додаде таа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче