Државниот секретар на САД Џон Кери ја обвини Русија дека се обидува да се меша во внатрешните работи на другите земји. Како пример ја наведе Бугарија. „Русија, како и претходно, се обидува да се меша во внатрешната политика на трети земји за да ги контролира“, изјави Кери на 15 јануари за време на посетата во Софија, а пренесува агенцијата „Интерфакс“.
Кери истакна дека „постојат докази за руското мешање во политиката на Бугарија преку финансиска и друга помош“.
Американските медиуми пренесоа дека Кери планира да ја убеди бугарската Влада да ја намали својата зависност од руските енергенси.
Претседателот на Русија Владимир Путин на 1 декември изјави дека Русија во сегашните услови не може да продолжи со реализацијата на проектот „Јужен тек“, меѓу другото, и поради недефинираниот став на Бугарија, која под притисок на Западот не даде дозвола за почеток на изградбата на гасоводот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.