Европскиот парламент предлага воведување антируски санкции во нуклеарната и финансиската сфера

Европскиот парламент побара од Европскиот совет да воведе санкции против Русија во нуклеарната и финансиската сфера во случај да не дојде до напредок во решавањето на украинскиот конфликт.

Европскиот парламент побара од Европскиот совет да воведе санкции против Русија во нуклеарната и финансиската сфера во случај да не дојде до напредок во решавањето на украинскиот конфликт.

Во резолуцијата на Европскиот парламент за ситуацијата во Украина, усвоена на 15 јануари, европските пратеници предлагаат санкциите да се прошират „на енергетскиот сектор“, како и да се „ограничи можноста за организација и реализација на меѓународните финансиски трансакции“, пренесува агенцијата ТАСС.

Претходно "The Wall Street Journal" објави дека Европската унија е подготвена да ги ублажи санкциите против Русија и делумно да ги нормализира односите со Москва доколку Русија го промени својот однос кон украинската криза. Укинувањето на санкциите го поддржаа Австрија, Унгарија, Италија, Кипар, Словачка, Франција и Чешка.

Меѓутоа, европски дипломатски извор близок на Советот на ЕУ тврди дека министрите за надворешни работи на 28-те членки на ЕУ на состанокот на 19 јануари во Брисел нема да донесат никаква одлука во врска со санкциите против Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња