За прв пат по завршувањето на Втората светска војна, во улога на главен светски лидер се појавува друга земја освен САД, пишува Global Post.
Џонатан Ејделман, професор на Школата за меѓународни истражувања Јозеф Кобел при Универзитетот на Денвер во САД и автор на статијата - констатира дека САД, која одиграла клучна улога во создавањето на НАТО, ММФ, Светската банка, Маршаловиот план и која го поддржа создавањето на Европската унија - веќе го губи своето глобално лидерство. На нејзино место се појави Русија, земја која го преживеа распадот на СССР и која се наоѓа под притисок на западните санкции и уште една економска криза.
САД ја носат одговорноста за многу светски проблеми, а воедно треба да ја признаат својата неспособност да извршат влијание на процесите во Либија, Сирија, Ирак, Украина, додека Русија, за разлика од Соединетите Држави, ги нема тие проблеми, смета професорот.
Ако „местото ’глобален лидер’“ е слободно, тогаш кој треба да го заземе тоа место, се прашува авторот на статијата. Европските држави сѐ уште остануваат под влијание на Америка, а самата ЕУ одамна се претвори во неуправувачка заедница. Засега Кина и Индија се далеку од позицијата да бидат супердржави, пишува весникот.
Во меѓувреме Русија е ослободена од надворешното влијание. Политиката на нејзиното раководство веќе наоѓа поддршка кај елитите на многу земји, особено на Блискиот Исток (Египет, Сирија, Јордан, Израел) во Азија (Индија, Виетнам) и во Латинска Америка (Венецуела, Аргентина), тврди авторот на статијата.
„Старите сојузи, кои беа создадени за време на студената војна, го поздравуваат враќањето на Русија и нејзината улога. Тоа на државата ѝ дава лесен пристап и до Европа, Азија и на Блискиот Исток“, пишува професорот Џонатан Ејделман за Global Post.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче