Указот за мобилизација во Украина „ја потврдува можноста за ескалација на судирите“

„Ова уште еднаш потврдува дека киевските власти одамна добиле упатства за ’чистење’ на Новорусија“, смета Клинцевич.

Петар Порошенко го потпиша указот за мобилизација, кој најверојатно ќе доведе до понатамошно заострување на ситуацијата на југоистокот на Украина, смета заменикот шеф на пратеничката група на партијата „Единствена Русија“ во Државната дума Франц Клинцевич, а пренесува ТАСС. „Заострувањето веќе започна, а со потпишувањето на овој указ, работите ќе станат уште посериозни“, смета Клинцевич.

„Ова уште еднаш потврдува дека киевските власти одамна добиле упатства за ’чистење’ на Новорусија“, смета Клинцевич. Пратеникот предвидува дека наскоро ќе започне „вооружената акција за чистење“. „Тоа е веќе геноцид, и, за жал, може да се потврди најлошата прогноза: во Украина туку што започнува големо крвопролевање“, претпоставува политичарот.

Освен тоа, според неговото мислење „новата мобилизација може да го ’алармира’ општеството во Украина, особено ако операциите не бидат успешни“. „Ним им треба брза победничка војна“, смета Клинцевич.

Исто така, според мислењето на пратеникот, голем број луѓе ќе сакаат да ги избегнат воените покани. „Сфаќајќи дека сето тоа води до крвопролевање, луѓето не ја прифаќаат одлуката за мобилизација, и тоа ќе предизвика жестоко спротивставување и обид луѓето да ги одбегнат тие процеси“, заклучи рускиот пратеник. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња