Годинава треба да бидат создадени Воздушно-космички сили на РФ. Тие ќе ги обединат Воено-воздушние сили и Воено-космичката одбрана, изјави началникот на Генералштабот Валериј Герасимов.
Притоа, претходно беше соопштено дека Воздушно-космичките сили ќе бидат создадени во 2016, а не во 2015 година.
„Во 2015 година ќе биде создаден нов вид вооружени сили - Воздушно-космички сили - преку спојување на веќе постојните вооружени сили: Воено-воздушните сили и Војските на воздушно-космичката одбрана“, изјави Герасимов пред новинарите.
Освен тоа, ќе продолжи работата околу создавањето на сигурен систем за предупредување од ракетен напад во вселената, како и создавање на нови радиолокациски станици.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче