![]() |
Што се случуваше со руската економија во 2014? |
Резервниот фонд на РФ во 2014 година е зголемен за 72,9% - до 4,94 трилиони рубљи, додека Фондот за национална благосостојба (ФНБ) порасна за 51,3% - до 4,38 трилиони рубљи, соопшти Министерството за финансии на Русија.
„На 1 јануари 2015 година вкупниот обем на Резервниот фонд изнесуваше 4,94 трилиони рубљи, што е еднакво на 87,91 милијарди долари, а Фондот за национална благосостојба - 4,38 трилиони рубљи, односно 78 милијарди долари“, се кажува во соопштението.
На 1 јануари 2014 година Резервниот фонд имаше 2,86 трилиони рубљи, а ФНБ - 2,9 трилиони рубљи.
Овој значаен раст на суверените фондови се објаснува со слабеењето на руската национална валута.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.