МНР на Австрија: Со Русија треба да се соработува, а не да се расипуваат односите

Односите меѓу ЕУ и Русија достигнаа најниска точка, пишува во статија за Die Welt министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курв.

Односите меѓу ЕУ и Русија достигнаа најниска точка, пишува во статија за Die Welt министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курв. Според неговото мислење, предупредувањата за новата студена војна најверојатно ќе станат реалност.

„Желбата да се оживее духот на студената војна се чини апсурдна“, пишува тој. „Ние не треба да го поддржиме тој рефлекс. Студената војна треба да си остане таму, каде што ѝ е местото - во учебниците по историја“. Една од најтешките кризи во последниве децении нема едноставно решение, но и блоковското размислување нема да ја поправи ситуацијата, смета Себастијан Курц.

Според мислењето на министерот, за надминување на кризата во Европската унија треба да се работи во три правци. Прво, ЕУ треба да помогне Украина да се развие, второ - да се запомни дека безбедноста во Европа е можна само доколку се соработува со Русија, и трето - потребен е дијалог меѓу Русија и Евроазиската економска унија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња