Иако данските компании во моментов не го поминуваат најлесното доба на рускиот пазар, Трговскиот совет при МНР на Данска предупредува да не брзаат со заминувањето од Русија, пишува The Copenhagen Post.
Пред сѐ советот им предлага на данските бизнисмени повнимателно да ги разгледаат индустриските гранки во руската економија како металургијата и обработката на метали. Според податоците од амбасадата на Данска во Русија, оваа гранка во Русија е во подем, поради што во државата расте побарувачката за квалифицирани странски специјалисти, како и високи технологии од странство, пишува изданието.
„Тековната состојба на пазарот, секако, ги става нашите компании пред тежок избор - да се продолжува работата на рускиот пазар или да се напушти истиот. Но ние гледаме и голем интерес на Русите за данските технологии, и тоа ни дава надеж“, пишува Кнуд Харесков, претставник на Центарот за металургија и индустрија на Данска.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче