Анкета: Русите губат доверба кон Западот

Повеќе од половина од Русите сметаат дека државите на Западот водат непријателска политика кон Русија (53%). Таа е концентрирана, пред сѐ, преку санкциите врз економијата и бизнисот, сметаат 51% од анкетираните.

Речиси половина од Русите (47%) сметаат дека во долгорочна перспектива Русија треба да се ориентира кон Кина, покажуваат резултатите од анкетата објавена на интернет-страницата на Левада-центарот.

Мислењето на граѓаните на Русија значајно се промени во последните десет години. Од 2004 до 2008 година третина од анкетираните изјавиле дека најперспективни партнери за Русија се државите на ЗНД, како Украина и Белорусија, додека за Кина се изјасниле само 9%. Веќе во 2014 година 12% го сметале истото за државите од ЗНД.

Симпатиите кон државите како Франција и Германија паднале од 28% на 20% во периодот од 2004 до 2013, но во 2014 паднале на 8%. Истото може да се каже и за САД. Ако во 2004 година 13% од Русите сметале дека треба да се работи на зацврстување на врските со оваа земја, во декември 2014 само 4% го мислеле истото.

Повеќе од половина од Русите сметаат дека државите на Западот водат непријателска политика кон Русија (53%). Таа е концентрирана, пред сѐ, преку санкциите врз економијата и бизнисот, сметаат 51% од анкетираните. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња