Русија во 2015 година ќе ја зајакне војската на Крим, во Калининградската област и Арктикот

Во Русија кон крајот на декември 2014 година беше усвоена нова верзија на Воената доктрина.

Активностите на Министерството за одбрана на Русија во 2015 ќе бидат насочени кон јакнење на вооружените сили на Крим, во Калининградската област и на Арктикот, изјави началникот на Генералштабот на РФ Валериј Герасимов, а пренесува РИА Новости.

Објавена е новата воена доктрина на Русија

„Главните напори на Министерството за одбрана во 2015 година ќе бидат насочени кон унапредување на борбената способноста на Вооружените сили и зголемување на бројноста на единиците. Посебно внимание ќе посветиме на воените сили на Крим, во Калининградската област и на Арктикот“, изјави Герасимов.

Во Русија кон крајот на декември 2014 година беше усвоена нова верзија на Воената доктрина. Основните принципи останаа непроменети, но за прв пат се појавија одредници кои се однесуваат на обезбедувањето на интересите на Арктикот, сојуз со Апхазија и Јужна Осетија.

Веројатноста дека против Русија ќе се води војна од големи размери е намалена, но воената активност се зголеми на низа фронтови, сметаат авторите на документот. Се наведува дека е воочлива тенденцијата на преместување на воената опасност и воени закани од физичката реалност во информатичкиот простор и внатрешноста на земјата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња