МНР на РФ: Русија е подготвена да одговори на дејствата на НАТО во Источна Европа

Улјанов потсети дека во 1997 година НАТО и Русија потпишаа документ со кој Алијансата се обврзува на територијата на новите членки да не стационира значајни борбени сили.

Русија внимателно го следи развојот на ситуацијата во врска со јакнењето на военото присуство на НАТО во земјите на Источна Европа, и во случај да се појави потреба, подготвена е да одговори на соодветен начин, изјави за РИА Новости раководителот на Секретаријатот за безбедносни прашања и разоружување при МНР на Русија Михаил Улјанов.

На Русија и на НАТО им требаат правила за коегзистенција

„Ние внимателно следиме што се случува во источноевропските членки на НАТО по самитот во Велс. И ќе донесуваме сопствени заклучоци и процени, а во случај да се појави потреба - ќе преземеме соодветни мерки“, изјави Улјанов.

Од почетокот на кризата во Украина, НАТО го зајакна своето присуство во балтичкиот регион. Единиците на мисијата за заштита на воздушниот простор на НАТО во овие земји од 1 мај не се наоѓаат само во Литванија, каде бројот на авиони е удвоен, и сега има осум, туку и во Естонија, каде се упатени четири ловци F-16 од Кралското воено воздухопловство на Данска. Кон крајот на април 2014 во регионот пристигнаа 600 припадници на копнената војска на САД. Притоа, генералниот секретар на НАТО изјави дека балтичките земји, Полска и Романија изразиле желба да разместат бази за силите за брзо реагирање на НАТО. Освен тоа, Алијансата планира да го зголеми бројот на воени маневри во балтичкиот регион.

Улјанов потсети дека во 1997 година НАТО и Русија потпишаа документ со кој Алијансата се обврзува на територијата на новите членки да не стационира значајни борбени сили. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња