Клепач: Цената на нафтата наскоро ќе расте

Нафтата поевтинува веќе неколку месеци по ред. Во вторник цените на Brent и WTI достигнаа нов шестгодишен минимум - 46,4 долари и 44,2 долара за барел.
Одлуката на ОПЕК влијаеше на руската економија

Заменикот претседател на банката ВЕБ, поранешен заменик министер за економски развој на Русија Андреј Клепач - смета дека нафтата може да поевтини и до 40 долари за барел, но понатаму нејзината цена продолжи да расте.

Нафтата поевтинува неколку месеци по ред. Во вторникот цените на Brent и WTI достигнаа нов шестгодишен минимум - 46,4 и 44,2 долари за барел.

„Таа ќе расте. Прво може и да падне до 40 долари за барел, но не сметам дека ќе се намалува понатаму... Сигурен сум дека ќе расте“, изјави Клепач за новинарите.

„Сметам дека ОПЕК, порано или покасно, ќе се реши за одредени ограничувања на производството. И онака многу технологии за производство на нафта од шкрилци бараат повисоки цени на нафтата. Затоа, сметам, цената ќе расте“, додаде тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.