![]() |
Ниски показатели на БДП на Русија и во следните 4 години |
Меѓународната агенција за рејтинг Fitch ги намали рејтинзите и ја влоши прогнозата на неколку големи руски компании веднаш откако го намали кредитниот рејтинг на Русија, се кажува во соопштение на агенцијата.
Вкупно 13 компании се опфатени во новото намалување од страна на Fitch. Намалени се рејтинзите на „Гаспром“, „ЛУКОУИЛ“, Руските железници, Атоменергопром, „Гаспром-нафта“, „Федералната компанија ЕЕС“ од „ВВВ“ на „ВВВ-“.
„Дејствата на Fitch покажуваат дека рејтинзите на компаниите се ограничени од кредитниот рејтинг на Русија“, се кажува во соопштение на агенцијата.
Fitch на 9 јануари го намали долгорочниот рејтинг на Русија од „ВВВ“ на „ВВВ-“ со негативна прогноза.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче