Санкциите против Русија немаат никаква смисла и негативно се рефлектираат на италијанската економија, изјави поранешниот премиер на Италија Силвио Берлускони.
„Санкциите се бесполезни, но и штетни за надворешната политика и за нашата економија. Се надевам дека италијанската влада ќе биде иницијатор за промена на европската санкциска политика“, изјави Берлускони во интервју за Il Messagero.
Според зборовите на 78-годишниот политичар, Русија е „сојузник на Европа против исламскиот фундаментализам и против опасноста од тероризам“.
„Би било грешка да се дозволи понатамошно влошување на атмосферата на соработка“, додаде Берлускони.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.