Анкета: Повеќето Руси не се подготвени да се откажат од печатените весници

Според анкетата, 77% од Русите читаат вести. 12% од нив секој ден, а секој трет 31% - неколку пати неделно.

Повеќето граѓани на Русија засега не се подготвени да се откажат од читањето на печатените медиуми, и покрај тоа што нагло расте бројот на оние кои читаат вести на Интернет, покажуваат резултатите на Серускиот фонд за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ).

Според резултатите од анкетата, поголемиот дел од Русите (73%) изјавиле дека не се подготвени целосно да се откажат од печатените изданија, а само 17% изјавиле дека можат во целост да преминат на читање на електронските верзии на весниците на Интернет. Притоа, младите почесто се решаваат да читаат на Интернет (36%), додека само 4% од пензионерите се подготвени да го направат истото.

Според анкетата, 77% од Русите читаат вести. 12% од нив секој ден, а секој трет 31% - неколку пати неделно. Освен тоа, секој втор (51%) претпочита да ги чита вестите исклучително во печатена верзија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.