Аналитичари: Економијата на Русија нема да настрада поради ниските рејтинзи

Во саботата Fitch ја намали оценката за кредитната способност на Русија од „ВВВ“ до „ВВВ-“ со негативна прогноза. Во текот на оваа недела се очекува ревидирање на оценката и од S&P.
Ниски показатели на БДП на Русија и во следните 4 години

Намалувањето на кредитниот рејтинг од страна на агенцијата Fitch до најниското инвестициско ниво нема да има влијание врз руската економија, сметаат аналитичарите кои беа анкетирани од РИА Новости. Според нивното мислење, далеку повеќе врз пазарот ќе влијае падот на цените на нафтата и можното намалување на рускиот кредитен рејтинг од агенцијата S&P.

Во саботата Fitch ја намали оценката за кредитната способност на Русија од „ВВВ“ до „ВВВ-“ со негативна прогноза. Во текот на оваа недела се очекува ревидирање на оценката и од S&P.

Економистите и аналитичарите од инвестициските банки во Русија сметаат дека решението на Fitch не донело новости за инвеститорите, бидејќи пазарот и така одамна бил подготвен за тоа. Затоа, решението нема да повлијае врз руската економија. Пореално влијаат цените на нафтата и девалвацијата на рубљата, додаваат аналитичарите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.