Русија продолжува да го развива советскиот проект за ласерско оружје

Програмата за проектирање на ова ново оружје траеше сѐ до 1991 година. По распадот на Советскиот Сојуз сите материјали и технологии останаа во главниот град на Русија, додека Казахстан ја доби инфраструктурата и полигонот за тестирање.

Владата на Русија донесе одлука да го продолжи проектот за ласери кои користат јаглерод диоксид и кои можат да се користат против ракетна техника и летала. Советскиот Сојуз интензивно работеше врз создавање на ваков вид ласери во 70-те години на ХХ век. Научниците во СССР создаваа ваков вид на ласер, наменет за соборување ракети и авиони, пренесува агенцијата „Инфоминг“. Техничките тестирања покажаа дека со помош на овој ласер може да се погоди мета со големина на монета.

Програмата за проектирање на ова ново оружје траеше сѐ до 1991 година. По распадот на Советскиот Сојуз сите материјали и технологии останаа во главниот град на Русија, додека Казахстан ја доби инфраструктурата и полигонот за тестирање.

Прашањето за продолжување на истражувањето беше повторно поставено во 2009 година, кога Америка го зголеми присуството на своите противвоздушни системи на територијата на Источна Европа.

Во Советскиот Сојуз во вселенскиот сектор се користеа „ласерски пиштоли“, додека карабините од типот ЛК („Ласерски карабин“)беа во магацините сѐ до 1995 година. Нема податоци за користење на ова оружје. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња