Русија најверојатно нема да го испорача Јанукович доколку биде побарано од неа

Тој забележа дека руските власти сметаат дека казненото гонење на поранешното раководство на Украина „има јасен политички подтекст“:

Русија, најверојатно, ќе се откаже од екстрадиција на поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович доколку во земјата дојде соодветно барање, изјави извор запознат со ситуацијата, а пренесува „Интерфакс“.

„Во случај да дојде такво барање по официјалните канали, руската страна ќе го разгледа истото во согласност со меѓународното и националното законодавство. Сепак, најверојатно ќе биде одбиено барањето за екстрадиција“, изјави изворот.

Тој забележа дека руските власти сметаат дека казненото гонење на поранешното раководство на Украина „има јасен политички подтекст“:

Претходно министерот за внатрешни работи на Украина Арсен Аваков изјави дека специјална комисија на Интерпол донела решение за објавување меѓународна потерница за Виктор Јанукович, неговиот син Александар Јанукович, поранешниот премиер на Украина Николај Азаров и други поранешни високопоставени лица. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња