Политиколог: духот на студената војна е поопасен за Европа дури и од исламизмот

Политикологот ги нарекува „безумие“ обидите на западните држави да ја изолираат Русија - моќна нуклеарна држава која има законски интереси за безбедноста во својата сфера на влијание.

Духот на новата студена војна е многу поопасен за Европа дури и од радикалниот ислам, пишува за The Sydney Morning Herald Том Суицер, научен соработник во Центарот за Соединетите Држави при Универзитетот во Сиднеј, уредник на списанието American Review.

Политикологот ги нарекува „безумие“ обидите на западните држави да ја изолираат Русија - моќна нуклеарна држава која има законски интереси за безбедноста во својата сфера на влијание.

Не е за чудење, пишува Суицер, дека Русија чувствува опасност откако НАТО се прошири на исток, САД разместуваат ПВО системи до руските граници, а Западот ја поддржува промената на власта во Киев. Уште во 1997 година, напомнува Суицер, Џорџ Кенан предупреди дека проширувањето на НАТО кон исток може да биде „најсериозна грешка“.

Сепак, западните политичари ја продолжуваат конфронтацијата со Русија, заборавајќи ја старата геополитичка вистина: големите држави преземаат силни мерки за да ги заштитат своите интереси во својата сфера на влијание, пишува Суицер.

Меѓутоа, поддршката на Русија за Западот е крајно важна: авторот на статијата потсетува за преговорите околу нуклеарната програма на Иран, борбата против тероризмот. Конфронтацијата со Русија, забележува тој, само штети на американската политика на Истокот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња