CNN ќе преговара повторно враќање во Русија

Телевизискиот канал CNN го прекина етерот во Русија на 31 декември 2014.

Телевизискиот канал CNN International ќе одржи преговори со Роскомнадзор (Федералната служба за надзор во сферата на телекомуникациите, технологиите и масовните комуникации) за можното возобновување на етерот на овој канал во Русија, пренесува ТАСС, повикувајќи се на извор близок до Федералната служба.

„Претставниците на CNN предложија да се сретнат со шефот на Роскомнадзор Александар Жаров. Средбата требаше да се случи кон крајот на декември, но истата беше одложена. Можно е таа да се одржи на 20 јануари“, соопшти изворот.

Телевизискиот канал CNN го прекина етерот во Русија на 31 декември 2014. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња