Пушков: Киев го бомбардира Донбас, а Порошенко пишува за цивилизираниот свет

Петро Порошенко во неделата во Париз зеде учество во маршот за сеќавање на жртвите од терористичкиот напад во Франција. Во истиот ден украинските војници околу 30 пати пукаа врз позициите на припадниците на народната одбрана и предградијата на Донецк.

Додека претседателот на Украина Петро Порошенко изјавува за здружување на сите цивилизирани држави во светот во Париз, Киев „цивилизирано“ пука врз Донбас, изјави шефот на Комитетот за меѓународни прашања во Државната дума Алексеј Пушков.

Во неделата во Париз се одржа Републикански марш во сеќавање на жртвите на терористичкиот напад кој се случи во Франција. Освен целото француско раководство, во маршот учествуваа околу 50 делегации од странство, вклучувајќи го и украинскиот лидер.

Во својот профил на Твитер Порошенко во неделата напиша: „Маршот на Единството денес ја обедини цела Франција и цивилизираните држави во светот. Украина како никој друг ја разбира болката на Франција“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња