Медиуми: Министерот за земјоделство на Германија ќе побара од Русија да се ублажи ембаргото за германски производи

Претходно Шмит изјави дека произведувачите на земјоделски производи во Европа нема во целосен износ да добијат компензација за загубите кои им ги нанесе ембаргото на Русија.

Министерот за земјоделство на Германија Кристијан Шмит планира на 16 јануари за време на агросаемот „Зелена недела“ во Берлин да го замоли рускиот колега Николај Фјодоров да го ублажи ембаргото на германски земјоделски производи, пишува германскиот финансиски неделник "Wirtschaftswoche". Претставникот на германската Влада планира да го постави прашањето за потенцијално ублажување на ембаргото за германски земјоделски производи. Ако Москва се согласи, тоа би можело да биде „придонес за подобрување на односите“ меѓу Москва и Русија, смета Шмит.

Германскиот министер се надева дека „ќе дојде до скорешно враќање на традиционално добрите односи меѓу двете земји во сферата на земјоделството“, пренесува агенцијата ТАСС.

Русија на саемот „Зелена недела“ ќе биде еден од најголемите изложувачи. Штандовите на руските компании ќе заземат површина од 3,6 илјади квадратни метри. Руското ембарго се однесува на околу 1% од извозот на германските земјоделски производи.

Претходно Шмит изјави дека произведувачите на земјоделски производи во Европа нема во целосен износ да добијат компензација за загубите кои им ги нанесе ембаргото на Русија.

Русија го ограничи увозот на земјоделски производи од САД, државите на ЕУ, Канада, Австралија и Норвешка како одговор на антируските санкции кои против неа беа воведени поради ситуацијата во Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња