Соединетите Држави се загрижени поради дејствата на Москва околу засилување на евроазиската интеграција, како и создавањето на алтернативни финансиски институти. Политиката на Русија пречи во реализацијата на „планот за Азија“ во Вашингтон, пишува Мајк Витни за списанието Counterpunch, американски колумнист кој специјализира на надворешна политика.
„Имено тоа како Америка ’управува’ со Евроазија е критички важно. Силите кои владеат во Евроазија можат да контролираат два од трите најнапредни и економски продуктивни региони. 75% од светското население живее во Евроазија, а овде се сконцентрирани најголемите светски ресурси“, го цитира Витни политикологот Збигнев Бжежински.
Во материјалот се зборува дека „манипулацијата“ со светските цени на нафтата може да се насочени против Русија поради нејзиното барање алтернативна политика на евроазиското пространство. Бидејќи Москва предлага кооперативен модел и бара засилување на разни други коалиции и сојузи како БРИКС, Евроазиската економска унија и Шангајската организација за соработка, а тие се алтернатива на финансиските институти како ММФ и Светската банка, Соединетите Држави активно бараат начини да го ограничат овој процес.
„Соединетите држави, пред сѐ, се плашат од создавање на ’регионални коалиции’... Русија како една од водечките сили во таквите организации стана главен проблем за Вашингтон“, забележува Витни.
Политиката на Москва е предизвик за Вашингтон поради неколку причини, смета американскиот колумнист. Русија пречи во остварувањето на „планот за Азија“ во надворешната политика на САД, како и го попречува решавањето на задачите на Блискиот Исток од страна на Вашингтон. Поради тоа, стратешките цели на американската политика во Сирија, Иран и Украина не беа постигнати поради активните дејства на руската држава.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче