Премиерот на Украина Арсениј Јацењук дообјасни во интервју за Deutsche Welle на што мислел кога изјавил дека СССР извршил агресија кон Германија и Украина во Втората светска војна.
Украинскиот премиер смета дека „Русија решила да завладее со Крим и истокот на Украина“, што е „нарушување на меѓународното право“.
„Не треба да се присвојува територија на друга независна земја, како што тоа го правеше Советскиот Сојуз по Втората светска војна“, подвлече Јацењук за време на интервјуто.
Претходно Јацењук го обвини Путин дека сака да ја измени историјата на Втората светска војна.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче