Совет на Федерацијата: Врз Русија се врши притисок со намалување на кредитниот рејтинг

Во саботата меѓународната кредитна агенција “Fitch” ја намали оценката за кредитната солвентност на Русија од ВВВ на ВВВ- со негативна прогноза, соопшти „Блумберг“.

Во саботата меѓународната кредитна агенција “Fitch” ја намали оценката за кредитната солвентност на Русија од ВВВ на ВВВ- со негативна прогноза, соопшти „Блумберг“.

Претставниците на Советот на Федерацијата на РФ сметаат дека се работи за политичка одлука која не е основана на реалните економски показатели.

„Ние одамна кажуваме дека рејтинзите во голема мера имаат политичка позадина и често се користат како средство за вршење притисок врз економијата и политиката на одредени земји“, изјави за РИА Новости Сергеј Шатиров, заменик претседател на Комитетот за економска политика во Советот на Федерацијата.

Според неговото мислење, одлуката на агенцијата не може да се смета за објективна, бидејќи економијата на Русија е доволно балансирана, а освен тоа, поседува и големи девизни резерви, вклучувајќи и златни резерви во Фондот за национална благосостојба. „Според тоа, намалувањето на кредитниот рејтинг е неосновано“, убеден е Шатиров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.