Русија и Индија го завршија создавањето на нацр-проектот за извозната верзија на ловецот од петтата генерација ПАК ФА, изјави во саботата регионалниот директор за меѓународна соработка во Обединетата авиокорпорација Андреј Маршанкин.
![]() |
Графикон: Т-50 |
„Во моментов со нашите индиски колеги го привршување создавањето на извозната верзија на ПАК ФА, попознат во Индија како FGFA (fifth generation fighter aircraft). Веќе има документација и согласност за следната етапа од проектирањето, како и сериското производство“, изјави Марашанкин.
Марашанкин забележа дека руската верзија на авионот е управувана од еден пилот, додека Воено-воздушнните сили на Индија традиционално претпочитаат авиони со двајца пилоти.
„Во тешките услови на современата војна тешко е истовремено да се маневрира и да се пука по противникот. Засега индиската страна смета дека индиската верзија на ловецот од петтата генерација треба да биде со двајца пилоти“, подвлече тој.
ПАК ФА е руски ловец од петтата генерација. Користењето на композитни материјали и иновациски технологии обезбедуваат беспрецедентно ниски нивоа на радиолокациска, оптичка и инфрацрвена забележливост.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче