Пушков: Чешкиот претседател за Бандера го рече она што требаше да го каже цела Европа

Претходно чешкиот претседател, по повод одбележувањето на годишнината од раѓањето на Степан Бандера на 1 јануари, изјави дека „таа е организирана на ист начин како што се организирани маршевите на нацистите во нацистичка Германија“.

Во одговорот на критиката упатена кон чешкиот претседател Милош Земан поради неговата изјава за Степан Бандера, чешкиот претседател го кажа тоа што требаше да го каже цела Европа, смета претседателот на Комитетот за меѓународни прашања во Државната дума, а пренесува РИА Новости.

„Изјавувајќи дека не може да ѝ честита на Украина за такви ’херои’ како Бандера и Шухевич, Милош Земан го кажа тоа што на Киев требаше да го упати цела Европа“, напиша рускиот парламентарец на својата страница на Твитер.

Претходно чешкиот претседател, по повод одбележувањето на годишнината од раѓањето на Степан Бандера на 1 јануари, изјави дека „таа е организирана на ист начин како што се организирани маршевите на нацистите во нацистичка Германија“.

„Тоа се случи на 1 јануари 2015 година. И јас себеси си реков дека со Украина нешто лошо се случува. Но нешто лошо се случува и со Европската унија, која не изрази никаков протест против оваа акција“, истакна Земан. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња