Рогозин: Руската воена индустрија може да одговори на сите потреби на руската војска

Русија веќе нема да нарачува воена техника од странство.

Домашната воена индустрија е подготвена самостојно да одговори на сите потреби на Вооружените сили на Русија, смета потпретседателот на Владата на Русија Дмитриј Рогозин.

„Воената индустрија на Русија е подготвена да одговори на сите потреби на војската и морнарицата во однос на испораките на оружје и квалитетот на производите“, напиша Рогозин на својата Фејсбук страница, а пренесува „Взглјад“. Рогозин претходно изјави дека Русија самата ќе ја гради својата флота.

Проблемот со увозот, од кој во голема мера зависат многу гранки на руското стопанство, стана поакутен по заострувањето на односите со Западот и воведувањето на антируски санкции поради несогласувањето околу ситуацијата во Украина.

Меѓу другото, целиот свет го следи развојот на конфликтот меѓу Франција и Русија околу испораката на двата носачи на хеликоптери „Мистрал“, кои Франција врз основа на договор требаше да ги испорача на Русија. Рогозин претходно изјави дека по ситуацијата со „Мистралите“ Русија веќе нема да нарачува воена техника од странство. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња