Шефот на МНР на Чешка верува дека Русија не планира да го приклучи Донбас

Министерот за надворешни работи на чешка Лубомир Заоралек изјави дека верува на изјавите на Москва дека не планира да го приклучува источниот дел на Украина во составот на Русија.

Министерот за надворешни работи на чешка Лубомир Заоралек изјави дека верува на изјавите на Москва дека не планира да го приклучува источниот дел на Украина во составот на Русија.

Францускиот претседател Франсоа Оланд во понеделникот изјави дека рускиот лидер Владимир Путин му соопштил дека не сака да го приклучи истокот на Украина, но истовремено, не сака Украина да се приклучи на НАТО.

„Им верувам на зборовите на Владимир Путин за тоа дека Русија не планира да го анектира источниот дел на Украина. Тоа воопшто не би бил подарок за Русија - да ја има Источна Украина со сите насобрани проблеми во неа кои денес постојат“, изјави Заоралек во интервју за француската радио станица „Импулс“.

Според неговите зборови, „ситуацијата на Крим веќе покажува дека тоа е скапа играчка - санацијата на територија како источна Украина би барала огромни средства“.

Министерот одговори и на прашањето за можното укинување на антируските санкции. „Можеме да зборуваме за укинување на санкциите само кога ќе бидат исполнети соодветните услови - почитување на Минските протоколи“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња