Противвоздушната одбрана на Северната флота на Русија доби нови ракетни комплекси С-400, изјави началникот на прес-службата на Северната флота Вадим Серга.
![]() |
Графикон: С-400 |
„Дивизија на ПВО единиците на Северната флота доби нови противвоздушни ракетни комплекси С-400 ’Триумф’“, изјави Серга, без да го каже бројот на добиени комплекси.
Тој забележа дека наскоро дивизиите ќе добијат ново вооружување, со посебни можности за примена во реоните на Крајниот Север.
„Триумф“ (С-400) е руски противвоздушен ракетен систем со голем и среден домет. Предвиден е за високоефективна заштита од ударите на авијацијата, стратешките, крилести, тактички и оперативно-тактички балистички ракети, како и балистички ракети од среден домет во услови на радиоелектронски пречки. Секоја „Триумф“ може да стрела врз 36 цели со наведување на 72 ракети. Системот е прифатен во Вооружените сили на Русија во 2007.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче