Берлин не ги коментира зборовите на Јацењук за инвазијата на СССР во Германија и Украина

Владата на Германија не ги коментира зборовите на премиерот на Украина Арсениј Јацењук, кој изјави дека „СССР извршил инвазија во Украина и Германија“, пренесува ТАСС.

Владата на Германија не ги коментира зборовите на премиерот на Украина Арсениј Јацењук, кој изјави дека „СССР извршил инвазија во Украина и Германија“, пренесува ТАСС.

„Федералната влада не ги коментира изјавите на премиерот Јацењук“, изјави претставник на владата на Германија, забележувајќи дека властите воопшто нема да ја разгледуваат „германската одговорност за загинатите советски граѓани во Втората светска војна“.

Претходно Министерството за надворешни работи на Русија испрати во Германија нота со барање за објаснување на официјалната позиција на Берлин околу зборовите на премиерот на Украина Арсениј Јацењук за „инвазијата на СССР во Германија и Украина“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња