Агенцијата Fitch го намали рејтингот на РФ до ВВВ-

Во март 2014 агенцијата Fitch ја намали прогнозата на Русија со негативна тенденција.

Меѓународната агенција за рејтинг Fitch ја намали оценката за кредитната способност на Русија од „ВВВ“ на „ВВВ-“, пренесува агенцијата Блумберг.

Во март 2014 година агенцијата Fitch ја намали прогнозата за рејтингот на РФ со негативен тренд, земајќи ги во предвид дејствата на санкциите на Западот врз деловната средина и економија на Русија.

Западните држави уште во март 2014 неколку пати воведоа санкции против неколку руски политичари, бизнисмени и компании поради позициите на Русија околу украинското прашање. Еден од последните чекори во санкциската политика на Западот стана економската блокада на Крим од страна на САД. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња