![]() |
5 новитети во руската армија во 2014 |
Военото воздухопловство на Руската Федерација во 2015 година ќе добие преку 150 нови авиони и хеликоптери, соопшти Игор Климов, претставник на Управата за информирање во Министерството за одбрана, задолжен за Военото воздухопловство на Русија, а пренесува ТАСС. Според неговите зборови, се работи за различни модификации на моделите Су-30, МиГ-29СМТ, Су-34, Су-35С, како и хеликоптери Ка-52, Ми-28Н, Ми-8, Ми-35М, Ми-26, Ка-226 и Ансат-У. Руската војска ќе добие и нови системи С-400 и „Панцир-С“.
„И понатаму ќе се работи на набавка на нови и модернизирани модели техника и вооружување, како и обука на војниците за нивно користење. Во блиска перспектива, во согласност со државната програма за набавка на оружје, во 2015 година се планира испорака на преку 150 хеликоптери и авиони“, изјави Климов.
Се очекува Военото воздухопловство на Русија да добие и радарски систем „Небо-М“, „Гама“, „Сопка“, радарски системи за мала висина „Подљот“ и противавионски ракетно-топовски систем „Панцир-С“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче