Шефот на Комитетот за меѓународни прашања во Државната Дума Алексеј Пушков ги осуди изјавите на премиерот на Украина Арсениј Јацењук за агресијата од страна на СССР за време на Втората светска војна. Ова Пушков го напиша на својот профил во Твитер.
„Јацењук сосема полудел. По изјавите за инвазијата на СССР во Германија и Украина за време на Втората светска војна, овој политичар не треба веќе да се сфаќа сериозно“, напиша Пушков.
Претходно премиерот на Украина го обвини претседателот на Русија Владимир Путин дека се обидува да ја препише историјата на Втората светска војна.
Германија на 1 септември 1939 година започна воена кампања против Полска, започнувајќи ја на тој начин Втората светска војна. Советската војска на 17 септември 1939 година навлезе на територијата на Западна Украина и Западна Белорусија, кои Полска ги доби по советско-полсата војсна од 1919 до 1921 година.
Советската влада изјави дека поради распадот на Послска, ги зема под своја заштита животот и имотот на населението на Западна Украина и Западна Белорусија. Владата на повоена Полска во 1945 година во договор со СССР ги потврди установените државни граници.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче